24фудбал

Зенит ќе добие казна поради транспарент на мечот со Вардар

На натпреварот со Вардар навивачите на Зенит истакнаа транспарент со поддршка за Ратко Младиќ за што им се подготвува казна од УЕФА.

Лига Европа

УЕФА ги предупреди сите клубови дека доколку истакнат транспарент со политичка содржина и ќе го слават Ратко Младиќ ќе играат без публика во следниот натпревар.

На мечот помеѓу Зенит и Вардар, домашните навивачи истакнаа транспарент: „Ратко Младиќ - херој на Србија“, па во наредните денови треба да ја слушнат казната на УЕФА која се очекува да биде еден меч пред празни трибини како и парична глоба.

Ратко Младиќ пред неколку дена доби доживотна затворска казна за извршени воени злосторства.