24фудбал

Реал Мадрид имаше и 12 фудбалери на теренот против Бетис, причина? „Заспаниот“ Модриќ... (ВИДЕО)

Мошне интересна ситуација од синоќешниот натпревар во Примера кој донесе изненадувачки резултат.

Шпанија

Реал Мадрид синоќа доживеа шокирачки пораз пред својата публика од Бетис во Примера, а еден мошне интересен детал излезе од мечот кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид во еден момент од мечот имаше 12 фудбалери на теренот против Бетис, Марсело се повреди а Зидан се реши да направи двојна замена, Вазкес и Мајорал требаше да влезат на местото на Марсело и Модриќ, и обајцата влегоа на теренот, а  Хрватот заборави да излезе.