24фудбал

Реал остана без рекорд и без бодови, Санабрија во 93. го шокираше фаворитот (ВИДЕО)

Реал Мадрид доживеа ново разочарување пред своите фанови, вечерва Бетис славеше на Сантијаго Бернабеу со минимални 0-1

Шпанија

„Кралевите“ го изедначија рекордот на Сантош и Пеле и постигнаа гол на 73 натпревари во низа, а вечерва против Бетис требаше да испишат нова историја.

Но наместо тоа, Реал Мадрид доживеа ново разочарување пред своите фанови, Бетис со гол во судиското надополнување триумфираше на Сантијаго Бернабеу.

Домаќините постијано напаѓаа, а гостите со трпелива игра одолеваа на притисокот.

Во финишот на средбата Зидан фрли се на една карта и тоа скапо го чинеше. Гостите ја искористија проретчената одбрана на Реал, и Санабрија во 93. минута го шокираше фаворитот.

Па „Кралевите“ не само што остана без рекорд, туку останаа и без бодови и сега на табелата имаат -7 во однос на лидерот Барса.