24фудбал

Карвахал го продолжи договорот со Реал Мадрид: Среќен сум, ова е клубот кој ме гледаше како раснам

Реал Мадрид продолжува да потпишува нови договори со своите фудбалери, по Иско и Марселона, потпис стави Карвахал.

Шпанија

Дани Карвахал потпиша нов договор со Реал Мадрид со трајност до 30. јуни 2022 година.

Бекот му помогна на Реал Мадрид да освои 11 трофеи вклучувајќи ја и титулата во ЛА Лига минатата сезона како и три трофеи во Лигата на шампионите.

25-годишниот фудбалер кој во Реал Мадрид е од својата 10. година изјави: „Многу сум му благодарен на клубот. Не можам да бидам посреќен, ова е уште еден важен ден за паметење во мојот живот, го продолжив договорот со клубот кој ми значи се во животот, клубот кој ме гледаше како растам“.

„Имав среќа да ја освојам секоја можна титула со Реал Мадрид, сега сакам повторно да ги освојувам сите титули. Не е лесно да влезете во историјата на овој клуб. Оваа генерација го прави тоа и секој фан на Реал Мадрид е горд на нас“.

„Би сакал на денот кога ќе заминам, сите да знаат дека сум давал се за овој клуб“.

25-годишниот Карвахал, со исклучок на една година која ја помина на позајмица во Баер Леверкузен, целата своја кариера е во Реал Мадрид.