24фудбал

Роналдо се правдал: Имам завршено само шесто оделение, знам само фудбал да играм, па им верувам на советниците

Ѕвездата на „Кралевите“, Кристијано Роналдо пред судот во Мадрид рекол дека има целосна доверба во бизнис структурата која ја креирале неговите советници и е убеден дека не затаил данок

Шпанија

Португалецот оваа недела се појави на суд под обвинение дека ги прикрил приходите од имиџ правата и затаил 14,7 милиони евра данок

Медиумите откриваат детали од исказот на Кристијано Роналдо, ЦР7 на судијата му кажал дека во Англија никогаш немал вакви проблеми, па размислува за враќање на „Островото“.

Тој исто така се правдал дека има завршено само шесто оделение, знае само фудбал да игра, па им верува на советниците и е убеден дека тие не му давале погрешни совети.

„Во 2014 платив сè“ - рекол Роналдо. „Не разбирам ништо од ова“.

„Имам завршено само шесто оделение, и знам само како добро да играм фудбал“.

„Кога моите советници ќе ми кажат „Крис, сè е во ред“, им верувам“.

„Си плаќам данок, сакам да бидам чесен и секогаш плаќам данок. Им верувам на моите советници, тие се најдобри. Ги плаќам солидно, па тие добро си ја вршат работата и сè оставам во нивни раце“.