24фудбал

Монтела и Бонучи заедно ја проследија ждребката, погледнете ја нивната реакција кога се извлече Шкендија (ВИДЕО)

Милан е противник на нашиот вицепрвак Шкендија во плејоф рундата од квалификациите за Лига Европа.

Македонија

На социјалните мрежи тимот од Милано објави видео на кое стратегот од клупата на Милан, Винченцо Монтела, дефанзивецот Леонардо Бонучи, клубскиот менаџер Кристијан Абијати и спортскиот директор Масимилијано Мирабели, ја следат ждребката за Лига Европа.

Тие за момент се зачудија кога ждребката посака Шкендија да биде нивен ривал во плејофот, најверојатно меѓу нив се постави прашањето „Која е Шкендија“, за тоа говори и изјавата на Винченцо Монтела веднаш по извлекувањето на двојките.

Како што е познато, нашиот вицепрвак ќе биде домаќин на првата пресметка со гигантот од Италија, реваншот се игра на терен на противникот.

Реакцијата погледнете ја на -8,40