Фудбалерот на Еибар, Хозе Анхел Коте го „ископира“ автоголот на Кондогбија и му донесе победа на Шалке против неговиот тим.
Категорија: Видео 30.07.2017 21:31 Прочитано: 4863 пати
Во пријателски натпревар Шалке го победи Еибар со 1-0. Овој натпревар е интересен за поголем дел од медиумите само поради начинот на кој беше постигнат голот.
Играчот на Еибар, Хозе Анхел Коте си постигна автогол речиси од половина терен, многу слично како фудбалерот на Интер, Кондогбија.
Голот на Кондогбија против Челси можете да го погледнете на овој ЛИНК.