24фудбал

Шпанија ја „преслуша“ Португалија и си обезбеди полуфинале (ВИДЕО)

„Црвената Фурија“ се пласираше помеѓу четирите најдобри во Полска откако со 1-3 го „преслуша“ својот сосед Португалија

Останато

Шпанија е првата репрезентација која обезбеди полуфинале на Европското првенство за играчи до 21 година.

„Црвената Фурија“ вечерва ја демонстрираше својата моќ и против Португалија и со 1-3 славеше над соседот.

Резултатот го отвори Саул Њигез во 21. минута, фудбалерот на Атлетико Мадрид со одличен соло пробив се ослободи од неколку играчи и погоди за 0-1.

По една брза контра, Деулофеу му асистираше за Рамирез за водство на Шпанија од 0-2.

Брума со прекрасен гол намали на 1-2 во 77. минута, но сите дилеми ги реши Ињаки Вилијамс во судиското надополнување.