Камерите уловија интересен момент од вчерашниот пријателски дуел помеѓу Франција и Шпанија, Оливие Жиру погоди каде Давид Силва ќе го шутне пеналот, но Уго Лорис не го послуша
Категорија: Видео 29.03.2017 12:18
„Црвената Фурија“ вчера славеше со 0-2, а резултатот беше отворен со удар од белата точка.
Но развојот на настаните можеше да биде поинаков доколку Уго Лорис го послушаше Оливие Жиру.
Пред Давид Силва да го изведе пеналот, напаѓачот му сигнализираше на својот голман каде ќе оди топката, но чуварот на мрежата го игнорираше голгетерот.
Уго Лорис реши да го следи својот инстинкт и скокна десно, Давид Силва шутна во левиот агол и донесе водство и радост за Шпанија.
SPURS keeper Lloris should have listened to ARSENAL striker Giroud for the penalty! pic.twitter.com/lwoGCW4XDY
— ITV Football (@itvfootball) March 28, 2017