Пол Бакаљини е новиот претседател на Палермо, наследникот на Мауро Ѕампарини е карактеристичен со бројните тетоважи по телото а на денешната прес конференција откри уште една со која покажа почит кон клубот од Сицилија.
Категорија: Фото 07.03.2017 17:26
Денеска на прес конференција, Мауро Ѕампарини кој заминува од функцијата претседател, го претстави неговиот наследник, Пол Бакаљини.
Бакаљини е претставник на американскиот конзорциум кој го купува Палермо и тој ќе биде новиот претседател на клубот. Тој по татко е Американец, но неговата мајка е Италијанка.
Новиот претседател на Палермо е карактеристичен по бројните тетоважи кои ги има на телото.
На денешната прес конференција се пофали со најновата, знак на Палермо во чест на клубот од Сицилија.