24фудбал

Неспортски потег или добра финта? (ВИДЕО)

Заменик капитенот на Ајакс, Јоел Велтман го искористи својот повреден соиграч за да помине фудбалер на Спарта Ротердам.

Видео

Централниот дефанзивец на Ајакс, Јоел Велтман направи потег кој предизвика многу реакции на интернет.

Некои навивачи од неговиот клуб се срамат од гестот, други сметаат дека направил добра финта.

Неговиот соиграч Бертранд Траоре лежеше повреден на теренот, Велтман покажа дека треба да се стопира играта поради тоа, протвничкиот играч застана, а тој го помина.

Многумина се згрозени од потегот на фудбалерот на Ајакс и ова го сметаат за крајно нефер гест.