24фудбал

Мајсторија на Тео Зидан (ВИДЕО)

Вториот најмал син на Зинедин Зидан, Тео покажа голем талент во натпревар за Реал Мадрид до 15 години.

Видео

Зинедин Зидан има четири сина и сите играат фудбал, Енцо (играч од среден ред 21), Лука (голман 18), Тео (среден ред 14) и Елиаз (среден ред 12).

Сите четворица се од академијата на Реал Мадрид, а последната мајсторија од нив е дело на Тео. Со мајсторски потег се ослободи од еден противнички играч, потоа проигра еден-два пас со еден од своите соиграчи, па направи одлична асистенција за погодок.