24фудбал

Касиљас со неверојатна интервенција во 93. минута му донесе победа на Порто во дербито со Спортинг (ВИДЕО)

Порто го слави Касиљас, легендарниот шпански голман имаше фантастична одбрана во последните моменти од судиското продолжение и му овозможи на својот тим да го сочува водството од 2-1 и да освои три многу значјни бодови против Спортинг.

Видео

Во последната минута од судиското продолжение, Коатес биеше одлично со глава, но Икер Касиљас покажа зошто е еден од најдобрите голмани во светот.


Со два гола Соарес во првото полувреме Порто имаше водство од 2-0, Руиз во 60. минута го врати Спортинг во живот, но Касиљас не дозволи уште еднаш да капитулира.

Порто е прв на табелата со два бода повеќе од Бенфика, но тимот од Лисабон денеска го игра својот меч од 20. коло.