Категорија: ЕУРО 2016 02.02.2017 15:54
Вкупно 641 клуб од 54 земји добија финансиска надокнада од УЕФА за тоа што ги ослободиле играчите да настапат во квалификациите за Европското првенство од 2014 до 2015, како и самата завршница на ЕУРО 2016.
Европската куќа на фудбалот подели 150 милиони евра, од кои 100 милиони се наменети за клубовите кои ги ослободиле играчите за завршниот турнир во Франција, и 50 милиони евра се за клубовите кои ги ослободиле играчите во квалификациите.
Клубовите од Македонија инкасирале речиси 326.000 евра, најмногу добил шампионот Вардар, „Црвено-црните“ инкасирале нешто над 148.000 евра.
Потоа следува Работнички, клубот од Дебар Маало добил околу 115.000 евра.
Шкендија добила околу 31.000 евра, Металург нешто над 26.000 евра, а Брегалница само скромни 4.400 евра.
Најмногу има добиено Јувентус, шампионот на Италија инкасирал околу 3.48 милиони евра, зад него е Ливерпул со 3,39 милиони евра, а потоа следува Тотенхем со 3,06 милиони евра.
УЕФА најавува дека за ЕУРО 2020 на клубовите ќе им бидат поделни околу 200 милиони евра.