24фудбал

Пасијата кон клубот не познава граници: На римското дерби и полицајците навиваат (ВИДЕО)

На римското дерби помеѓу Лацио и Рома ниту полицајците не можат да ги сокријат емоциите, еден припадник безбедносните заносно навиваше за својот тим.

Видео

Рома со головите на Стротман и Наинголан со 2-0 го доби градското дерби во кое овој пат улогата на домаќин ја имаше Лацио.

Кога е во прашање римското дерби, страста и пасијата не познава граници, така беше и синоќа. 

Полицаец, очигледно фан на Рома, со навивачка песна прославуваше еден од погодоците на својот тим. Глетка која многу ретко се гледа на фудбалските терени.