24фудбал

Роналдо побара од камерманот да му потврди дека голот што го постигна беше од офсајд (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо сметаше дека Марк Клатенбург неоправдано му поништи гол, па побара од камерманот да му потврди дали навистина бил во офсајд

Видео

Пред финишот на првото полувреме на вчерашниот натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, Кристијано Роналдо по втор пат ја затресе мрежата на домаќините.

Но голот беше поништен поради офсајд. Португалецот бурно протестираше, но одлуката на Марк Клатенбург беше исправна.

Откако судијата означи крај на првиот дел, пред да замине во соблекувалната, Кристијано Роналдо застана кај еден од камерманите покрај теренот и побара да му пушти повторена снимка со цел да види дали навистина имало офсајд.