24фудбал

Кикс на Реал на гостувањето кај Лас Палмас (ВИДЕО)

Реал Мадрид само со бод се враќа од гостувањето во Гран Канарија, „Кралевите“ одиграа 2-2 против Лас Палмас

Шпанија

Гостите создадоа голем број на шанси, имаа предност во два наврати, па можат да жалат што без цел плен се враќаат во Мадрид.

Резултатот беше отворен во 33. минута. Начо пресече една топка, одлучи сам да ја заврши акцијата, неговиот удар беше одбранет но Асенсио налета на одбиената топка и ја затресе мрежата за предност на Реал од 1-0.

Пет минути подоцна, Лас Палмас изедначи. Варан лошо расчисти една топка а Танаусу го матираше Касиља за 1-1.

Во вториот дел, Реал преку Бензема стигна до ново водство, но на пет минути до крајот домаќините го шокираа фаворитот преку Араухо.