24фудбал

Првиот гол на Роналдо во дресот на Спортинг (ВИДЕО)

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо вечерва се среќава со својот поранешен клуб Спортинг Лисабон, еве го неговиот прв гол во дресот на клубот од Португалија

Видео

Скаутите на Спортинг беа првите кои го приметија неговиот голем талент, клубот од Лисабон на 17 години му даде шанса да заигра за првиот тим, а Кристијано Роналдо постигна гол уште на дебито против Мореиренсе.

Вечерва ЦР7 ќе се сретне со својот поранешен клуб, Споринг гостува на Сантијаго Бернабеу во Лигата на Шампионите.

Ова сепак нема да биде прва средба на Кристијано Роналдо со неговиот поранешен клуб, тој во дресот на Манчестер јунајтед веќе играше против Спортинг во групната фаза од најелитното европско натпреварување во сезоната 2007/08 и постигна гол на двата натпревари.