24фудбал

Голот на Меси против Рома најдобар во сезоната во изборот на УЕФА (ВИДЕО)

Прекрасната акција по која Лео Меси го лобуваше Војчех Шчесни во Лигата на Шампионите доби најмногу гласови во изборот што го спроведе УЕФА

Видео

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси е стрелецот на најдобриот гол во сезоната 2015/16.

Во изборот што го спроведе УЕФА, дури 34% од фановите гласале за акцијата на Барселона во која по 27 додавања, Лео Меси го лобуваше Војчех Шчесни на натпреварот против Рома во Лигата на Шампионите.

Зад Аргентинецот заврши футсал ѕвездата Рикардињо со неговата мајсторија на Европското првенство во Србија, како и прекрасните ножички на Џердан Шакири на ЕУРО 2016 во Франција.