24фудбал

Роналдо влезе во кафезот со Конор Мекгрегор (ФОТО)

Кристијано Роналдо ја искористи посетата на САД за да се сретне со познатиот ММА борец, Конор Мекгрегор

Фото

Ѕвездата на Реал Мадрид сè уште ужива во продолжениот одмор по настапот на Европското првенство, и откако најпрво се релаксираше на Ибица, сега реши да „скокне“ до Лас Вегас

Кристијано Роналдо посетата на „градот на гревовите“ ја искористи за да сретне со неговиот пријател, познатиот ММА борец Конор Мекгрегор.

Ирецот во моментов се подготвува за УФЦ 202 и борбата со Нејт Диаз.

Двајцата позираа во кафезот и средбата ја споделија на социјалните мрежи.

„Мило ми е што те видов брате! – напиша Португалецот на Инстаграм.

„Мојот брат Роналдо денеска намина во теретаната! Тој е животно. Ќе те видам за првото место на листата на Форбс следната година - гласеше пораката на Мекгрегор.