Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо утре свечено ќе го отвори својот луксузен хотел во родната Мадеира
Категорија: Фото 21.07.2016 12:33
Хотелот Пестана ЦР7 е сместен во близина на пристаништето на градот Фуншал на островот Мадеира.
Располага со 48 соби, и еден апартман ЦР7, кој е опремен со Плејстејшн4, очила за виртуелна реалност како и опрема за кардио вежби.
Во склоп на хотелот има и базен на кровот, велнес центар, кој на гостите им нуди специјална ЦР7 „Влезете во форма“ програма, како и теретана на отворено.
Пестана ЦР7 е прв од четирите хотели под брендот на Кристијано Роналдо, во инвестиција вредна над 80 милиони евра.
Во текот на оваа година ќе биде отворен луксузен хотел во Лисабон, а во 2017 треба да бидат отворени хотели и во Мадрид и Њујорк.