24фудбал

Херојот на Португалија, Едер откри семејна драма: Често одев во Англија да го посетам мојот татко во затвор

Стрелецот на победоносниот гол во финалето на ЕУРО 2016, Едер открива дека неговиот татко е во затвор поради убиство на сопругата, односно макеата на играчот

ЕУРО 2016

Само неколку дена откако постигна гол против Франција и на Португалија и ја донесе првата титула од Европските првенства, Едер откри шокантна сторија поврзана со неговиот татко и неговата макеа.

„Мојот татко е во затвор во Англија уште кога јас имав 12 години. Мојата макеа почина и тој беше обвинет дека ја убил – вели напаѓачот.

„Мислам дека го осудија на 16 години затвор.

Веднаш штом го потпишал првиот професионален договор во 2008 со Академика и заработил доволно пари, Едер отпатувал за Англија да го посети својот татко.

„Кога потпишав за Академика и почнав да заработувам, веднаш отпатував во Англија за да го посетам татко ми  во затворот.

„Секогаш кога имав слободни денови патував за Англија.