24фудбал

„Марка“ го одбра најлошиот тим на ЕУРО 2016 (ФОТО)

Шпанскиот спортски весник, „Марка“ ги одбра најлошите 11 на Европското првенство, нападот го предводи Златан Ибрахимовиќ.

ЕУРО 2016

Повеќе ѕвезди потфрлија на Европското првенство, а „Марка“ се обиде да направи тим од оние познати играчи кои беа далеку од своето ниво.

Спортскиот весник состави тим во формација 3-4-3.

На голот е Џо Харт, а одбраната ја сочинуваат Давид Алаба, Серхио Рамос и Хуанфран. Во средината се Стерлинг, Погба, Туран и Томас Милер, а напаѓачкото триу е Ибрахимовиќ, Левандовски и Кејн.