24фудбал

Два ловци Ф-16 се грижеа за безбеден лет на Роналдо и другарите (ВИДЕО)

Португалските херои имаа посебно обезбедување на патот кон дома, два ловци Ф-16 се грижеа за безбеден лет на Роналдо и другарите

ЕУРО 2016

По триумфот над Франција во финалето на ЕУРО 2016 и историската прва титула на Европските првенства, репрезентативците на Португалија денеска се вратија дома и го прославија големиот успех со своите сонародници.

На социјалните мрежи се појавија огромен број на видеа и слики од пречекот и прославата низ улиците во Лисабон, но големо внимание предизвика постот на Жоао Мутињо.

Фудбалерот на Монако објави видео на кое се гледа како два ловци Ф-16 го пратат авионот со кој репрезентативците на Португалија патуваа.

„Нашата придружба – напиша Мутињо на Инстаграм.