24фудбал

Роналдо четири до пет месеци надвор од терените?

Доколку се потврдат како точни првите извештаи за повредата на Кристијано Роналдо, тој би можел од четири до пет месеци да биде надвор од фудбалските терени.

ЕУРО 2016

Првичните извештаи на докторите на португалската репрезентација велат дека Роналдо заработил исекотина на дел од вкрстените лигаменти на коленото.

Доколку ваквите информации се испостават како точни, тоа значи дека Кристијано Роналдо околу четири до пет месеци ќе биде надвор од фудбалските терени.

Тоа значи дека ќе го пропушти УЕФА Супер Купот, како и неколку воведни натпревари од Примера и од Лигата на шампионите.

Откако се здоби со повредата Роналдо сеуште не посетил болница за да направи детални лекарски прегледи, тој заедно со своите соиграчи го слави историскиот трофеј, Европски шампион.

Се очекува во наредните денови да биде потврдена точната дијагноза на Кристијано Роналдо по што точно ќе се знае за каква повреда се работи и колку ќе паузира.