24фудбал

Кварезма: Ако медалот е направен од злато ќе го продадам

Рикардо Кварезма се пошегува дека може да добие и екстра бонус доколку го продаде медалот кој го освој во Франција.

ЕУРО 2016

Португалија постигна историски успех освојувајќи го Европското првенство во Франција. Јасно е дека сите од португалската експедиција целиот живот ќе ги чуваат медалите и со гордост ќе се сеќаваат на неверојатните моменти.

Но, Рикардо Кварезма се пошегува на сметка на медалот откако пристигна во својата земја.

Запрашан што прави со неговиот медал по финалето, Кварезма на шега рече: „Ако е направен од злато ќе го продадам“.