24фудбал

Антоан Гризман прогласен за најдобар фудбалер на Европското првенство

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман го доби признанието за најдобар играч на Европското првенство во Франција.

ЕУРО 2016

Тој постигна шест голови, имаше и две асистенции, а неговата репрезентација дојде до финалето на Европското првенство каде што загуби од Португалија.

Постигна два пати повеќе погодоци од вториот стрелец на листата, вклучувајќи и два гола против Германија во полуфиналето.

Гризман беше избран за најдобар од панел тим на УЕФА составен од 13 лица меѓу кои и Сер Алекс Фергусон.

„Антоан Гризман беше закана за противникот на секој натпревар. Тој работи напорно за својот тим и поседува техника, има одлична визија и квалитетен финиш. Техничкиот тим се согласи дека тој беше најдобриот играч на турнирот“ - изјави техничкиот директор на УЕФА, Лупеску.