24фудбал

Паје: Немав намера да го повредам Роналдо, не сум валкан играч

Димитри Паје вели дека едноставно се обидел да му ја одземе топката на Кристијано Роналдо а не да го повреди противничкиот играч

ЕУРО 2016

Капитенот на Португалија на вчерашното финале против Франција по само 25. минути беше заменет поради повреда на коленото.

Кристијано Роналдо се пожали на болки по еден дуел со Димитри Паје, напаѓачот два пати се обиде да продолжи да игра, но на крајот беше приморан со солзи во очите на носилка да го напушти теренот.

Димитри Паје сега вели дека нема за што да му се извинува на Кристијано Роналдо бидејќи само се обидел да му ја одземе топката на Португалија.

„Се обидов само да ја одземам топката, ништо повеќе – вели Паје.

„Ја одзедов топката, и доколку во исто време го повредив, тоа не беше намерно.

„Не сум таков карактер, не сум валкан играч на теренот. Никој не треба да се сомнева во мене.