24фудбал

Роналдо во прегратка со Сер Алекс Фергусон (ФОТО)

За време на прославата на големиот трофеј, Кристијано Роналдо радоста ја сподели и со својот стар „учител“ Сер Алекс Фергусон.

ЕУРО 2016

Сер Алекс Фергусон е еден од најзаслужните за она што е Роналдо денес. Тој го зема Португалецот како тинејџер и имаше големо влијание во неговиот развиток како фудбалер.

Фергусон беше на трибините на „Сент Дени“, а по завршувањето на мечот во срдечна прегратка му го честиташе големиот успех на Кристијано Роналдо.