24фудбал

„Златната копачка“ не е доволна утеха за Гризман

Антоан Гризман со шест голови ја освои наградата за најдобар стрелец на Европското првенство, но тажен е поради загубеното финале од Португалија.

ЕУРО 2016

Антоан Гризман имаше одлично Европското првенство кое не успеа да го зачини и со големиот трофеј. Франција на своја почва пропушти да стане шампион.

„Сурово и прекрасно е во исто време. Доживеавме некои исклучително моменти но и најтажните. Треба уште да учиме. Но дадовме се од себе и не треба да жалиме. Горд сум на овој составот, горд сум на сите. Сега треба да се вратиме посилни“ - вели Гризман.

„Не успеавме како против Германија и тоа е тажно. Ја погодивме стативата, и јас имав шанси да дадам гол, веќе речиси дадов но голманот беше одличен. Фрустрирачки е, но мора да се вратиме посилни“.

„Што се однесува до „Златната копачка“, можеби понатаму ќе почувствувам гордост, но сега сум многу разочаран што со моите соиграчи загубивме. Многу сакав да им го донесам трофејот, но не можев да постигнам гол, разочаран сум“.

Гризман со шест голови беше убедливо најдобриот стрелец на Европското првенство, по три постигнаа Роналдо, Жиру, Паје, Бејл, Нани и Мората.