24фудбал

Дешамп: Нема зборови кои можат да го опишат овој пораз

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп вели дека нема зборови за утеха по овој пораз, треба да помине само време за работите да се прифати.

ЕУРО 2016

Дидие Дешамп имаше голема шанса и како селектор да стане шампион со Франција, но домаќинот загуби од Португалија во финалниот натпревар, па разочарувањето е огромно.

„Нема зборови со кои може да се опише ова, разочарувањето е огромно. Ќе биде потребно време“ - вели Дешамп.

„Ни недостасуваше енергија вечерва, но тоа не е оправдување, имавме шанси, последната на Жињак. Мечот беше изедначен, имавме шанси и ние, и Португалците исто така“.

„За жал тие го постигнаа голот. Големо е разочарувањето. Пропуштивме голема шанса да бидеме шампиони на Европа“.

„Заедно победуваме, заедно страдаме и денеска заедно загубивме. Знаеме дека нацијата беше возбудена, ќе беше неверојатно да го им го дадеме трофејот, но за жал тоа не се случи“.