Технологијата ги менува работите во речиси секој сегмент од животот на луѓето, се е поразлично од порано, па и работите кои се прават во соблекувалната по натпреварите.
Категорија: Фото 19.06.2016 13:33
Тоа најдобро можеме да го видиме од фотографијата која Лавеци ја постираше на инстаграм
По синоќешната победа над Венецуела и пласманот во полуфиналето на Копа Америка, речиси сите аргентински ѕвезди беа со своите мобилни телефони во соблекувалните.
Социјалните мрежи мора да се одржуваат, фејсбук, твитер и инстаграм се чини дека се поважни од заедничка прослава на победата и пласманот меѓу четирите најдобри.