24фудбал

Победа ги обнови договорите со своите најдобри фудбалери

Повратникот во Првата лига, ФК Победа потпиша нови договори со Шаркоски, Дунимаглоски, Наумоски и Петрески, се преговара и за нова засилувања.

Македонија

Победа се врати во Првата лига и стартната цел е јасна, останување во највисокиот ранг на натпреварување. За таа цел прилепскиот клуб сака да го задржи костурот од минатата сезона и да го засили тимот со неколку нови фудбалери.

-Изминатиот викенд склучивме повеќегодишни договори со дел од најперспективните фудбалери од досегашниот ростер со кој располага клубот. На обострано задоволство за продолжување на соработката се договоривме со:Николче Шаркоски, Јорданчо Наумоски, Стојанче Дунимаглоски и Христијан Петрески.  Наредниве денови очекувам да ги обновиме договорите и со други фудбалери од нашиот погон кои беа столб на еипата во минатата второлигашка сезона а на кои најсериозно сметаме и во престојното првенство на Првата лига. Би сакал да потенцирам дека во исто време преговараме и со фудбалери од домашното првенство кои настапуваат во клубови од Првата лига а кои сакаат да бидат дел од нашиот фудбалски колектив, изјави Претседателот на ФК Победа д-р Гоце Ингилизов.