Холандскиот тим од втората лига, Алмере Сити се мајтапи со славјето на Кристијано Роналдо и Реал Мадрид на Камп Ноу по победата над Барселона.
Категорија: Фото 09.04.2016 13:36
Сликата од прославата на победата на Реал Мадрид ги преплави социјалните мрежи, па се појавија и клубови кои почнаа да прават интересни копии тролајќи го кралскиот клуб.
Холандскиот тим, Алмере Сити на својата фејсбук страна објави слика од фудбалерите на Реал Мадрид и од своите играчи. Во центарот на вниманието е дечкото во долна облека кој го имитира Кристијано Роналдо.