24фудбал

Синот на Мурињо гордо ја покажа сликата со Меси: Го запознав мојот идол, најдобриот во светот! (ФОТО)

Жозе Мурињо Џуниор преку својот твитер профил се пофали дека се сликал со Лионел Меси за кого смета дека е најдобриот фудбалер во светот.

Фото

Жозе Мурињо беше голем „непријател“ со Лео Меси и сите останати од Барселона додека го водеше Реал Мадрид, но тоа не му пречи на неговиот син да го сака Аргентинецот.

Жозе Мурињо Џуниор со Меси се сликал во Лондон кога Барселона му гостуваше на Арсенал, но поради привремено отсуство од твитер дури сега се фали со фотографијата.

„Додека бев отсутен од Твитер ова се случи на натпреварот помеѓу Арсенал и Барселона... Го запознав мојот идол, најдобриот во светот“ - напиша Жозе Мурињо Џуниор и објави фотографија од него и Меси.