24фудбал

Валентино Роси и Чави одиграа пријателски натпревар во Доха (ФОТО)

Поранешната ѕвезда на Барселона, Чави се дружеше со иконата на мото спортот Валентино Роси и одиграа фудбалски натпревар во Доха

Фото

Овој викенд започнува новата сезона во Мото ГП, првата трката се вози во Катар, па Валентино Роси престојот во Доха го искористи за партија фудбал со поранешниот фудбалер на Барселона, Чави кој сега ги брани боите на Ал Сад.

Валентино Роси го предводеше тимот составен од играчи од неговата акдемија за возачи VR46, додека пак на Чави му се придружија фудбалери од академијата Аспајр.

Тимот на Чави славеше со 4-2, но секако резултатот беше во втор план.

„Како голем фан на фудбалот, чест ми е што имам прилика да играм со голем играч како Чави – рече Мото ГП легендата, Валентино Роси.

„На моите момци им кажав да го дадат максимумот, но немавме шанси против Чави и неговиот тим.

За убавата дружба, Чави рече: „Да споделам искуство со легенда како Валентино Роси е нешто уникатно. Горд сум што учествував на овој натпревар.

„Но морам да признам, прилично сериозно го сфатив дуелот и играв за да победам, не само за забава.