24фудбал

Горан Пандев од трибините ја бодреше својата академија на Вијареџо купот (ФОТО)

Горан Пандев заедно со својот соиграч, голманот Матија Перин беа присутни на отварањето на Вијареџо Купот и го проследија натпреварот помеѓу Интер и Академија Пандев.

Фото

Голманот на Џенова, Матија Перин како поранешен учесник на Вијареџо Купот денеска свечено го отвори овогодинешниот турнир. Заедно со него беше Горан Пандев кој не пропушти да ја проследи својата академија која доживеа убедлив пораз од бранителот на трофејот, Интер.

Приказната за светската слава на Горан Пандев исто така започнува од Вијареџо турнирот, токму тука во дресот на Беласица напаѓачот го привлече вниманието на скаутите на Интер.