Поранешната НБА ѕвезда, Стив Неш денеска се појави на тренингот на шпанскиот второлигаш Мајорка
Категорија: Фото 04.03.2016 12:47
Пријатно изненадување на утринскиот тренинг за фудбалерите на Мајорка, на теренот истрча Стив Неш, поранешната ѕвезда на НБА.
Канаѓанецот заедно со сопственикот на Феникс Санс, Роберт Сарвер на почетокот од оваа година го превзедоа управувачкиот пакет акции на тимот од Палма де Мајорка.
Стив Неш, кој е голем фудбалски фан, денеска ја искористи посетата на Мајорка да ги покаже и своите фудбалски вештини.