„Росонерите“ на дуелот со Торино ќе истрчаат со специјален дрес со кој ќе го одбележат убавиот јубилеј на Силвио Берлускони кој слави 30 години на чело на клубот
Категорија: Фото 27.02.2016 11:11
На предната страна од дресот со златни букви е извезено „20 февруари 1986 – 20 февруари 2016 Силвио Берлускони“.
Овие дресови потоа ќе бидат ставени на аукција, а сите пари собрани од продажбата ќе бидат наменети за Фондацијата Милан.
Силвио Берлускони стана сопственик на Милан во 1986 година и во „Росонерите“ има инвестирано повеќе од 1 милијарда евра.