24фудбал

Потпишан дрес од Меси за малиот Муртаза (ФОТО)

Момчето од Авганистан доби подарок од Лео Меси, дрес од Барселона и Аргентина потпишани лично од најдобриот фудбалер на денешницата

Фото

5 годишниот Муртаза Ахмади стана интернет сензација откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои тој носи дрес од од неговиот херој Лео Меси направен од пластична кеса.

Момчето требаше да се сретне со Лео Меси, но додека ја чека средбата од соништата со најдобриот фудбалер на денешницата, Муртаза Ахмади доби одличен подарок.

Ѕвездата на „Каталонците“ на Муртаза Ахмади му испратил два потпишани дреса, еден од Барселона и еден од Аргентина, како и фудбалска топка.

„Јас го сакам Меси, и на мојот дрес пишува дека Меси ме сака мене” – вели малиот Муртаза.