24фудбал

Фудбалер на ВБА погоден со паричка во лице од сопствените фанови (ФОТО)

Крис Брант вели дека е згрозен и засрамен откако сопствените фанови го погодија со паричка во глава

Фото

ВБА попладнево загуби на гостувањето кај Рединг во петтото коло од ФА Купот, а по крајот на натпреварот, Крис Брант се упати кон сопствените навивачи да им даде аплауз за поддршката и бодрењето.

Но кога репрезентативецот на Северна Ирска се доближи до трибината, беше погоден со паричка во лицето.

И покрај тоа што заработи мала искетина под окото, Крис Брант остана доследен на својата намера и дресот го даде на еден фан.

„Одев кон навивачите по крајот на натпреварот, и тие мислеа дека е добра идеја да фрлат паричка кон својот играч” – рече Брант во разговор со BBC. „Згрозен сум”.

„Немам никаков проблем доколку сакаат да истапат и да ми кажат дека не се задоволни од нашата игра. Фановите беа фрустрирани, водевме 1-0 а на крајот изгубивме”.

Потрошија доста пари за да дојдат, но мала група расипа се. Имаше и мали деца”.

„Бев згрозен и засрамен”.