24фудбал

Понижување од сите страни: Ван Гал доби рејтинг 0, некои од играчите на Митјиланд 12 (ФОТО)

Данскиот таблоид BT го понижи менаџерот на Манчестер јунајтед, Луј ван Гал и му даде рејтинг 0 за вчерашниот пораз од Митјиланд

Фото

„Црвените Ѓаволи“ разочара на вчерашното гостување кај Митјиланд и со пораз и наведнати глави се вратија во Манчестер.

Фановите на најтрофејниот клуб од Англија се се понезадоволни од менаџерот Луј ван Гал, а Холанѓанецот беше во немилост и кај медиумите од Данска.

Таблоидот BT го понижи стратегот и му даде рејтинг 0 за поразот од Митјиланд и му порача: „Господине Ван Гал, веројатно не треба да ги читаш денешните весници, ќе те масакрираат поради тоа што од малата Данска се враќаш со пораз”.

BT беше прилично дарежлив кога се во прашање тренерот и дел од играчите на Митјиланд, за кои имаше оценка 12 од можни 10.