24фудбал

По новиот договор Варди се поднови со Бентли вредно 168 000£ (ФОТО)

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди го прослави новиот побогат договор со купување на Бентли Континентал, автомобил вреден 168 000 фунти

Фото

29 годишниот Англичанец е вистински хит во Премиерлигата оваа сезона, со 19 погодоци зад своето име, тој е прв стрелец.

Лестер реши да ги награди добрите игри на Џејми Варди и неодамна клубот го обнови договор на играчот и му ја зголеми платата на 75 000 фунти неделно.

За новиот побогат договор, фудбалерот сега реши да се почасти со Бентли Континентал, автомобил вреден 168 000 фунти.

Медиумите од „Островото“ исто така пренесуваат дека Џејми Варди за новиот автомобил си нарачал и персонализирани регистарски таблички на кои пишува „J9 VDY“.