24фудбал

Фановите на Дортмунд фрлаа тениски топчиња на теренот поради високите цени на влезниците (ФОТО)

Навивачите на Борусија Дортмунд синоќа фрлаа тениски топчиња на теренот за време на гостувањето кај Штутгарт во знак на протест поради скапите влезници за мечот.

Фото

Навивачите на Дортмунд ги бојкотираа првите 20 минути од натпреварот а откако влегоа фрлаа со тениски топчиња на теренот.

Тие сметаат дека билетите биле прескапи па на овој нчин го изразија своето задоволство.

Имено најскапите билети за гостувањето кај Штутгарт наменети за делот со столчиња ги чинеа фановите на „Милионерите“ 70 евра, а најефтините 38,50 евра, додека пак оние кои сакаа да стојат требале да одвојат 19,50 евра.,

На трибината беше поставена и парола на која пишуваше „Фудбалот мора да биде достапен за сите“.