24фудбал

Изложба на дресови по повод 90-тиот роденден на Наполи (ФОТО)

Наполи изложи еден куп дресови кои ги носеле разни играчи во минатото.

Фото

На 1-ви август годинава Наполи ќе наполни точно 90 години, па токму по тој повод клубот уште од сега се обидува да го одбележи овој јубилеј. Затоа отвори изложба на дресови на поранешни, но и сегашни фудбалери кои ги носеле за време на официјални натпревари. Изложбата е во трговскиот центар Ла Картиера.