24фудбал

Фрозиноне полуде по Јуве, стотина фанови пред хотелот на ’Бјанконерите’ (ФОТО)

Голем број на фанови вечерва се собраа пред хотелот во кој престојува експедицијата на ’Старата Дама’

Фото

Актуелниот шампион на Италија привлекува големо внимание на гостувањето кај Фрозиноне.

Покрај тоа што утрешниот натпревар е целосно распродаден неколку стотина фанови вечерва се собраа пред хотелот во кој престојува експедицијата на Јувентус

Дибала, Маркизио, Бонучи и Мората решија од прозорот да ги отпоздрават фановите и да им се заблагодараат за топлиот пречек.