24фудбал

Работнички со триумф од 2-0 ја елиминираше Јелгава

Работнички продолжува со настапот во Лига Европа, клубот од Дебар Маало со 2-0 славеше на реваншот со Јелгава и се избори за двомеч со Трабзон

Македонија

Освојувачот на Купот на Македонија ќе игра во третото квалификациско коло од најмасовното европско натпреварување.

Минатата недела, Работнички несреќно загуби на гостувањето во Летонија, но вечерва лесно го реши реваншот во своја корист.

’Романтичарите’ поведоа по само шест минути игра со погодокот на Баже Илијоски, а веќе во 17. минута Сахити биеше прецизно за предност од два гола.

Со оваа победа, Работнички си обезбеди продолжување на авантурата во Лига Европа и дуел со Трабзон.