24фудбал

Томас Милер со слика од „7ап" ги пецна Бразилците (ФОТО)

На 8. јули минатата година Германија го уништи Бразил на негово тло откако со 7-1 го победи во полуфиналето на Светското првенство.

Фото
Пораз кој секогаш ќе ги боли бразилците, запишан со црни букви во нивната фудбалска историја и кој никогаш нема да може да се избрише.
 
Томас Милер синоќа со фотографија од 7ап ги пецна Бразилците потсетувајќи ги на денот од пред една година. Но за кратко време Германецот ја тргна фотографијата од неговиот профил. Но таа продолжи да биде објавувана од медиумите.