Категорија: Фото 07.07.2015 13:26
Остин Милан била на одмор во Лас Вегас, каде батериите за новата сезона ги полни и Кристијано Роналдо.
Нивните патишта се вкрстиле откако Остин Милан го загубила телефонот, а Португалецот успеал да го најде.
CR7 се погрижил лично да го достави телефонот и притоа ја поканал девојката на вечера.
За целата случка Остин Милан се пофали на Инстаграм, каде напиша: „Лоша вест е тоа што го загубив телефонот пред два дена. Добра вест е тоа што Кристијано Роналдо го најде. Уште подобра вест е тоа што ме однесе на вечера”.