Категорија: СП 2014 13.07.2014 14:15
Аргентина против Германија во големото финале на светското првенство во Бразил, сите очи вечерва ќе бидат вперени кон Маракана.
Поради начинот на кој стигна до финалето, Германија ќе влезе како благ фаворит, но и Аргентинците предводени од Лео Меси имаат свои сметки.
„Треба да останеме многу концентрирани и да ги затвориме сите приоди кон нашиот гол. Најважно е да не ја губиме топката евтино" - вели Сабела.
„Германија одсекогаш била силна физички и тактички. Поради тоа тие се репрезентација со најмногу титули заедно со Бразил и Италија".
„Одлично ја користат топката и играат помеѓу линиите. Исто така опасни се и од бековските позиции, особено Филип Лам. Потребно е да одиграме перфектен натпревар".